Анкетни прашања за образовни работници

За целите на ова истражување, ќе се применуваат дефинициите за термините како што се дадени подолу:
Родова еднаквост – Концептот дека жените и мажите, девојчињата и момчињата имаат еднакви услови, третман и можности за остварување на нивниот целосен потенцијал, човекови права и достоинство и за придонес кон (и корист од) економскиот, социјалниот, културниот и политичкиот развој (УНИЦЕФ ).
Воведување на родовата перспектива како стандард– Стратегија за забрзување на напредокот на правата на жените и девојчињата и еднаквоста во однос на мажите и момчињата преку проценка на импликациите за девојчињата и момчињата и мажите и жените од некоја планирана акција, вклучително закони, политики и програми за да се спречи нееднаквоста (УНИЦЕФ).
Интерсекционалност – Интерсекционалноста се однесува на општествените идентитети кои се вкрстуваат како и на поврзаните системи на опресија, доминација и/или дискриминација, и на тоа како повеќе идентитети се вкрстуваат за да создадат целина која е различна од идентитетите на нејзините составни делови (УНИЦЕФ).
Правична транзиција - МОТ ја дефинира „правичната транзиција“ како „позеленување на економијата на начин што, колку што е возможно, е фер и инклузивен за сите засегнати, создавајќи пристојни можности за работа и неиспуштајќи никого“. Правичната транзиција се занимава со максимизирање на социјалните и економските можности на климатските активности, притоа минимизирајќи ги и внимателно управувајќи со сите предизвици поврзани со влијанијата врз светот на работата, вклучувајќи ги и родовите влијанија, во обид да се помогне во достигнувањето на пристојни резултати од работата, обезбедувајќи социјален дијалог и почитување за меѓународните стандарди на трудот во процесот (МОТ).
Зелени работни места - Зелените работни места се пристојни работни места кои придонесуваат за зачувување или обновување на животната средина, било да се тоа во традиционалните сектори како што се производството и градежништвото, или во новите зелени сектори кои се појавуваат како што се обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Зелените работни места помагаат да се подобри ефикасноста во користењето на енергијата и суровините, да се ограничат емисиите на стакленички гасови, да се минимизира отпадот и загадувањето, да се заштитат и обновуваат екосистемите и да се поддржи адаптацијата на ефектите од климатските промени (МОТ).

T