Почитувани наши граѓани, Општина Гази Баба започна со подготовка на стратешки плански документ од областа на животната средина, Локален Еколошки Акционен План за животна средина (ЛЕАП) за Општина Гази Баба (2021 - 2026 година) во кој ќе ги идентификуваме сегашните притисоци врз животната средина и ќе понудиме решенија за нивно надминување.
Вашето мислење во однос на тоа како Вие ги чувствувате еколошките проблеми, што Вие цените дека е еколошка вредност на нашата општина е од особена важност при подготовка на овој документ. Ве молиме искрено да го пополните анкетниот лист и со тоа активно учевствувате во креирање на одржлива заедница.