Истражувањето се спроведува од страна на 7 Агенции за локална демократија (Приједор, Мостар, Завидовиќи, Никшиќ, Суботица, Књажевац и Пеја) и АЛДА Скопје. Тоа ја опфаќа темата за културно учество на младите од Балканот и се спроведува во рамки на Балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог.
Вашите мислења и искуства ни се од големо значење. Нашата целна група се млади луѓе на возраст помеѓу 15 и 30 години. Би сакале да ги слушнеме вашите искуства и препораки на темата.
Културата е важен дел од животот на младите луѓе бидејќи културата значи напредок. Одвојте неколку минути и помогнете ни да дознаеме повеќе за културното учество на младите на Балканот.